Владо Мисајловски во посета на општина Василево

20031581_1693005941006435_4316640307604462065_n

Поранешниот министер за транспорт и врски г-дин Владо Мисајловски денес беше во посета на општина Василево каде заедно со градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов ги посетија населените места Нова Маала и Пиперево каде општината тековно изведува градежни работи на две селски улици.

„Денес сме во посета на градежни активности во општина Василево. Кај нас го имаме претходниот министер за транспорт и врски со кој имавме одлична соработка, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по посетата на улиците во изградба во Нова Маала и Пиперево.  Стојанов изјави задоволство од динамиката со која се одвиваат градежните активности: „Динамиката на извршување на градежните активности во моментот тече добро и ние се надеваме дека до почетокот на месец август сите овие градежни активности ќе бидат завршени и улицата ќе биде пуштена во употреба во корист на сите граѓани кои што живеат во ова населено место, односно ја користат оваа улица“.

Средствата за изградба на овие две улици изнесуваат  12 000 000 денари од кои 10 000 000 денари се кредит обезбеден преку  Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП). Улицата во Пиперево е во должина од околу 250 метри а во Нова Маала околу 400 м.

Стојанов нагласи дека во изминатите четири години, општина Василево само во изградба на локални патишта и улици има вложено  средства во висина од 143 000 000 денари или тоа е некаде околу 2,5 милиони евра.

Задоволство од тоа што и колку се работи во општина Василево изрази и поранешниот министер за транспорт и врски г-дин Владо Мисајловски. „ Денес има една огромна можност тим на ВМРО ДПМНЕ да биде заедно тука со градоначалникот на општина Василево, да видиме колку се гради, што се е направено и кои се нивните идни чекори и од друга страна да се видиме со многу граѓани, да продискутираме, да видиме што може да се подобри како и да размениме идеи. Како што можам денеска да видам се работи доста во општината Василево, се градат улици, се градат фекални канализации, атмосферски и т.н што секако е за поздрав“, рече Мисајловски притоа нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ постојано ќе биде на терен, во контакт со функционерите на ВМРО ДПМНЕ и градоначалниците и секако со граѓаните од кои како што рече  додека ВМРО ДПМНЕ беше на власт имаше многу проекти кои доаѓаа токму од нив.

19961095_1693006164339746_1281603075963436840_n

20031581_1693005941006435_4316640307604462065_n

novamala

novmalaa

viber imagen

viber imagett

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail