Започна турнирот во мал фудбал Илинден 2017

105_3818
Синоќа со натпревар меѓу екипите на „Дукатин“ и „Пекара Био комерц“ започна ноќниот турнир во мал фудбал Илинден 2017, кој традиционално, низа години наназад се одржува под покровителство на општина Василево. Натпреварите се играат на училишното игралиште во с. Радичево.
Годинава ќе се натпреваруваат вкупно четиринаесет екипи, распоредени во пет групи. Натпреварите ќе почнуваат во 20,30 часот.
Во првата натпреваручка вечер силите ги одмерија:
Дукатин – Пекара Био комерц
Валавски – Панче пром
Банско – Три ден
Љубителите на фудбалот денес ќе можат да ги проследат натпреварите меѓу екипите на:
ДООЕЛ Бојчеви – Радовиш
Секирник – Грил Мелани
Силком Ви – Карамзов
Финалето ќе се одигра во четвррток на 31-ви август.
За најдобрите екипи и поединци опбезбедени се награди.
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail