Општина Василево асфалтира улица во Нова Маала

DSC_0088

Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Нова Маала. Тоа е улицата која започнува од спојот со постојната, асфалтирана главна улица во селото. Средствата за оваа улица во висина од околу 5 200 000 денари се кредит обезбеден од Светска Банка преку Министерството за финасии од Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).

„Денес на крај се градежните работи на улицата во Нова Маала. Тоа е една од улиците која беше ветена  пред граѓаните за оваа градежна сезона“ изјави градоначчалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој денес беше на терен и на лице место ги следеше активностите на  асфалтирање на оваа улица.

Должината на оваа улица изнесува 400 метри а ширината 4метри. Од страната изграден е канал во широчинана од еден метар за прибирање на атмосферските води како и пешачки патеки односно тротоари од двете страни на улицата во ширина од по половина до еден метар, зависно од условите на терен.

Изведувач на работите е градежната компанија Универзал градба.

Според информацијата од градоначалникот Стојанов, оваа улица како и улицата во населеното место Пиперево која исто така е во изградба целосно ќе бидат завршени до почетокот на идниот месец односно до 1-ви август.

DSC_0085

DSC_0086

DSC_0092

DSC_0104

DSC_0105

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail