На 28.07.2017 година (петок) со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи 56-та седница.
За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:
- Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-1).
- Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-2).
- Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 (К-3).
- Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
- Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево“ за 2018 година.
- План за управување со отпад на општина Василево.
- Решение за одобрување на Регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион.
- Мислење по финален извештај за стратегиска оцена на животната средина.
- Регионален план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион.
- Стратегиска оцена на животната средина на Регионалниот план.
- Донесување на одлука по барање за финансиска помош поднесено од Жаклина Маврова од с. Добрејци.
- Донесување на одлука по барањето за спонзорство поднесено од ЛД„Фазан“ од Василево.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – магацин на к.п бр. 1220/2 КО Владевци.