Советот ја одржа 56-та седница

DSC_0144

На денешната редовна 56-та седница на Советот на општина Василево, советниците позитивно се изјаснија за сите предлози од дневниот ред. Едногласно беа усвоени Кварталните извештаи за: Извршување на Буџетот (К-1), за  доспеаните а неизмирени обврски на општина (К-2) и за промените на состојбата на задолжување на општина (К-3), сите за периодот 01.01.2017 до 30.06.2017. Во обрзложението што го даде градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, рече дека извршувањето на целокупниот Буџет на општина Василево  е околу 38%. Исто толкаво, односно околу 38% е и извршувањето кај основниот буџет. Кај блок-дотациите извршувањето е околу 50%,  кај самофинансирачките активности околу 41% и кај донациите околу 12% реализација. Стојанов изрази надеж дека до крајот на годината општина Василево ќе има целосна реализација на Буџетот.

Советниците ги усвоија и предложените промени и дополнувања во Програмата  за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2017 година. Согласно усвоените измени се зголемуваат средствата што општината ги доделува за организирање на Курбан –Бајрамскиот турнир а се намалуваат за турнирот во с. Ангелци.

На седницата, едносгласно,  донесени се и неколку стратешки документи, односно Планот за управување со отпад наопштина Василево за периодот 2017 – 2022, Решение за одобрување на Регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион,  Мислење по финален извештај за стратегиска оцена на животната средина и Регионален план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион. Образложение за овие стратешки документи даде г-дин Ристо Чивчиев од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. „Регионалниот план за управување со отпад  се однесува на целиот Југоисточен плански регион односно на десетте општини и е документ кој ги опфаќа сите елементи во делот на отпадот односно сите видови на отпад како комуналниот отпад од домаќинствата, од претпријатијата, градежниот отпад, медицинскиот отпад, индустрискиот отпад, градинарски отпад и  ги разработува и ги утврдува состојбите на теренот  во целиот ЈИПР“, рече  Чивчиев кој во продолжение даде детално облјаснување и за функционирањето на терен односно системот на управување со отпад на ниво на регион и задачите што секоја општина ќе треба да ги реализира во наредниот период. За сите десет општини од ЈИПР изработени се и општински планови за управување со отпад за периодот 2017-2022, чие практично спроведување е во корелација со спроведувањето на Регионалниот план.

До крајот на седницата Советниците го усвоија и Годишниот план за вработување на ЈОУГД „Прва радост“ Василево за 2018 година, како и некполкуте барања за финансиска помош од доставени до општинскиот Совет од правни и физички лица.

DSC_0117

DSC_0119

DSC_0123

DSC_0124

DSC_0129

DSC_0130

DSC_0137

DSC_0139

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail