Потпишан договорот за реконструкција на училиштето во с. Седларци

DSC_0149
Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и претставникот на градежната компанија АНОЛ – ИМПЕКС од Скопје потпишаа договор за реконструкција на училиштето во с.Седларци. Средствата за оваа реконструкција, чиј износ е 2 578 460 ден. општината ги обезбеди од Програмата  за прекугранична соработка INTERREG –IPA CBC Бугарија –Македонија 2014 – 2020.
„Ова е проект финансиран од Програмата за прекугранична соработка каде општина Василево е во партнерство со општина Струмјани, Р.Бугарија.
Во рамки на проектот училиштето ќе биде целосно реконструирано со што ќе стане  енергетски ефикасно и енергетски независно. Во рамки на проектот ќе бидат поставени соларни панели кои ќе произведуваат струја за потребите на училиштето и за повеќенаменското игралиште лоцирано веднаш до училиштето“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.
Со рењконструкцијата опфатени се: замена на  прозорците и вратите со нови, промена  на кровот, поставување на термичка  фасада, фотоволтаични панели, централно  топловодно греење на пелети и соларен систем за санитарна топла вода.
„Реконструкцијата на училиштето треба да започне во наредните денови и до почетокот на новата учебна година, односно до 01 септември  сите активности кои треба да се одвиваат во внатрешноста на објектот треба да бидат завршени како би можело наставата да се одвива непречено“, рече градоначалникот Стојанов.
Зборувајќи за бенефитот од реконструцијата на оваа училишна зграда Стојанов укажа на фактот дека за реконструкција на училиштата и подобрување на условите во кои се одвива наставата, во изминатиот период, општината заедно со донаторите и Министерството за образование има  вложено околу 34 000 000 денари.

DSC_0166

DSC_0148

DSC_0151

DSC_0155

DSC_0157

DSC_0162

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail