Општина Василево ќе соработува со три општини од ЕУ за користење на ЕУ фондовите

image-0-02-04-d7434e9ff780f43b143547e8fedc6d70c9803238cf498b1adca8006cfb0ea870-V

Општина Василево ќе добива директна помош од фондовите на  ЕУ откако градоначалникот на општината г-дин Ванчо Стојанов потпиша меморандум за соработка со општините  Корено Аусонио (Италија),  Струмјани (Бугарија)  и општина  Нехсар од Малта. Првите луѓе на овие општини учествуваа на форумот ,,Европа за општините“ организиран од претседателот на  европскиот парламент Антонио Тајани кој подвлече дека  руралните општини мора да бидат подржани со цел да им се помогне на граѓаните

,, Општините не може да се справат со промените па затоа тука е ЕУ да им помогне а преку нив и на самите граѓани. Овие четири општини  ќе бидат приоритет да им се помогне од фондовите кои ќе бидат отворени од ЕУ. Руралните општини  немаат доволно ниту пероснален ниту финансиски капацитет  да се справат со сите проблеми  па затоа ЕУ мора да води сметка тоа да се поправи во функција на стопирање на миграцијата која во моментов е најголем проблем на Европа“ истакнал Тајани.

На Форумот било истакнато дека  ваквиот пример на здружување треба да биде пример и за другите општини и на тој начин ќе се воспостават добри релации не само меѓу локалните самоуправи туку и на самите држави за да се потикне глобалниот економски развој

,,Општините се најблиска алка со граѓаните и само преку локалните самоуправи  може да им се помогне. Тие се само еден мал прозор на отвореност кон ЕУ и со ваквото збратимување и соработка полесно може да се користат средствата  на ЕУ фондовите за да се помогне и на Р. Македонија и на  општина Василево и да се види  рамноправноста на сите граѓани на ЕУ“ , истакнал градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов на форумот „Европа за општините“.

Стојанов  имаше средба и со македoнскиот амбасадор во Италија  Оливер Шамбевски.

image-0-02-04-da30e331a6a75513d2cbb69265f307946faff50f5d37d0ce92ba6a99b7bccf58-V

image-0-02-05-8197519c94871b95d5e0ede777ae506af26bb15422f1d55b71f4a6ad04beb7de-V

image-0-02-05-6485532184a78e50c4de351f52b1c9f1d877fee73ff8bd0058e023637fc0bdde-V

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail