Заврши „Street basket-2017“- Владевци

DSC_0394

Екипата на „Инел“ од  Кавадарци  се победници на годинешниот турнир во улична кошарка „Street basket-2017“- Владевци, што под покровителство на општина Василево, пета година по ред се одржува во населеното место Владевци.  За второто место се изборија „Авто парк Ване“ од Владевци, третопласирани се „Книжарница 5+“  од Струмица а четвртопласирани – екипата на „Нипром“  исто така од Струмица.

На турнирот учествуваа вкупно десет екипи од повеќе места од Источна Македонија.

За најдобрите освен пехарите и медаљите обезбедени беа и парични награди и тоа 25 000 денари за првото место, 17 000 денари за второ место, 9 000 денари за трето место и 4 000 денари за четвртопласираните.

Натпреварите се играа на кошаркарското игралиште во с.Владевци.

Турнирот се одржува во деновите пред и после 28 –ми август, односно поврзан е со верскиот празник  Голема Богородица кој се слави од сите жители на с. Владевци.

DSC_0238

DSC_0252

DSC_0255

DSC_0393

DSC_0397

DSC_0399

DSC_0400

DSC_0403

DSC_0408

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail