Интензивни градежни активности на училиштето во с. Седларци

naslov (1)

Во тек се интензивни градежни активности на училишната зграда во с. Седларци, која се реконструира со средства обезбедени од ЕУ фондовите преку Интеррег ИПА програмата за Прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р. Македонија. Деновиве комплетно е завршено поставувањето и фарбањето на термофасадата чии позитивни ефекти ќе се почувствуваат веќе со почетокот на новата грејна сезона.

Поставувањето на соларните панели со кои ќе се обезбедува топла санитарна вода и електрична енергија за потребите на училишната зграда и за рефлекторите на повеќенаменското игралиште е последната од низата планирани активности со кои ќе се заокружи целокупната реконструкција.

Во рамките на овој проект чиј работен наслов е „Воведување на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во Струмјани и Василево“, во училиштето во  Едрениково досега извршена е промена на целокупната стара столарија која е заменета со  нова ПВЦ енергетски ефикасна столарија. Печките на дрва со кои досега се загреваше училиштето заменти се со радијатори, па од престојанта грејна сезона училиштето ќе се загрева со систем за парно греење кој ќе работи на пелети.

Буџетот за сите овие активности изнесува околу 2 600 000 денари. Средствата се обезбедени од Интеррег ИПА програмата за Прекугранична соработка меѓу Р.Бугарија и Р. Македонија. Партнер на општина Василево во овој проект е општина Струмјани од Р.Бугарија.

Изведувач на работите е компанијата АНОЛ-ИМПЕКС од Скопје.

2

3

4

1

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail