Закажана конститутивната седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Конститутивната седница на Советот на општина Василево е закажана за в среда, 01.11.2017 година, со почеток во 16,30 часот.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Формирање на верификациона комисија.
  2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Василево.
  3. Давање и потпишување на свечена изјава.
  4. Избор на претседател на Советот на општина Василево.
  5. Формирање на комисија за мандатни прашања, избори и именувања.
  6. Одлука за овластување на градоначалникот и членовите на Советот на општина Василево за склучување на бракови.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail