Општина Василево се подготвува за манифестацијата Ден на празот

logo PRAZ

Десетата по ред манифестација Ден на празот, годинава ќе се одржи во недела на 05 ноември со почеток во 11,00 часот. Местото на настанот, како и сите години наназад,  останува непроменето – дворот на црквата Св. Никола во с. Градошорци.

Организаторот, локалната самоуправа од Василево,  интензивно се подготвува за оваа веќе традиционална манифестација со која се промoвира празот и Градошорци и општина Василево како подрачје во кое оваа по многу нешта специфична култура,  најдобро успева.

Во оваа прилика општина Василево и градоначалникот Марјан Јанев упатуваат отворена покана до сите граѓани, во недела на 05 ноември да дојдат во Градошорци и изворно да ги почувствуваат сите вкусови на празот.

DSC_0862 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail