Се одржа манифестацијата Ден на празот

DSC_1014

Денес во Градошорци во организација на општина Василево и под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија, по десети пат се одржа манифестацијата „Ден на празот“, која го промовира празот како култура и Градошорци и општина Василево како еколошки чисто подрачје во кое се произведува најквалитетниот праз во Републиката и пошироко.  Гости од општината, регионот, државата и пошироко имаа можност да уживаат во вкусат на  бројните специјалитети  од праз специјално подготвени  за денешната Манифестација  од локалните домаќинки и  да се уверат во многубројните можности што се нудат за негова подготовка и конзумација.

„Како локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите манифестации чија основна цел е промоција на општина Василево и зеленчукот што се одгледува на ова подрачје. Целта на оваа манифестација е промоција на празот и Градошорци како населено место во кое секое домаќинство произведува висококвалитетен праз.  Ова е и обид  на едно место да ги собереме производителите, откупувачите и преработувачите на праз. Наш приоритет во иднина ќе биде привлекување на инвеститори кои ќе отвараат откупни центри во нашата општина бидејќи празот со својот квалитет се бара не само во државата туку и надвор од неа“, рече во изјава за медиумите градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Во содржините на Маннифестацијата меѓу   другите уживаа и министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, постојниот претставник на ОН и претставник на УНДП во Р. Македонија Луиза Винтон  и амбасадорката на Јапонија во Р.Македонија Кеико Ханеда.

На денешната манифестација беа дегустирани над 100 специјалитети од праз а гостите имаа можност да уживаат и во музичкиот дел.

DSC_1006

DSC_1044

DSC_1005

DSC_1022

DSC_1039

DSC_1010

DSC_0976

DSC_0979

DSC_0998

DSC_1076

DSC_1018

DSC_1027

DSC_1033

DSC_1095

DSC_1014

DSC_1098

DSC_1103

 DSC_1124

DSC_1127

DSC_1130

DSC_1134

DSC_1136

DSC_1150

DSC_1153

DSC_1157

DSC_1162

DSC_1171

DSC_1178

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail