Градоначалникот Марјан Јанев оствари средба со претставници од ЦУГ

DSC_1206 (Medium)

Денес, во просториите на општина Василево градоначалникот на општината Марјан Јанев и претседателот на општинскиот совет Крсте Панев одржаа работна средба со претставници на Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица. Според информацијата од  претставниците од РЦУГ Милан Русев и Димитар Стојовски, целта на состанокот била  запознавање на ново избраниот градоначалник и претседателот на Советот со функцијата и улогата на Регионалниот центар за управување со кризи, неговата структурна поставеност, општините кои ги покрива, системот за управување со кризи како и унапредување на досегашната соработка, комуникација, координација согласно Законот за управување со кризи, како и обврските кои општината ги има во системот за управување со кризи.

Ставот на градоначалникот Марјан Јанев  во врска со оваа проблематика е јасен: општина Василево согласно своите законски овластувања, со сите свои ресурси и потенцијали секогаш ќе биде на располагање и во функција на заштитата и спасувањето во евентуални кризни ситуации. Општина Василево останува отворена за сите обврски кои како единица на локална самоуправа ги има во системот со управување со кризи, прецизираше градоначалникот Јанев на денешниот работен состанок со претставниците од РЦУГ- Струмица.

На средбата посебно беше истакната потребата од рано предупредување, превенцијата и справувањето со кризи и кризни состојби, функционирањето на бесплатниот телефонски број за итни повици 195, изработката на вонредни и редовни информации за состојбите како и информирање на населението преку локалните медиуми. Претставниците на Центарот за кризи на градоначалникот му ја презентираа и Процената на загрозеност на подрачјето на општина Василево како и обврската за нејзино постојано ажурирање.

DSC_1213 (Medium)

DSC_1211 (Medium)

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail