Во Василево се одржа крводарителска акција

naslov

Денес во просторите на локалната самоуправа Василево, во организација на Црвениот крст и Заводот за трансфузициона медицина,  со поддршка на општина Василево се одржа акција на доброволно дарување на крв. Во акцијата се вклучија вработените во општинската администрација, Јавното комунално претпријатие „Турија“ од Василево како и повеќекратни крводарители од општината кои се редовни учесници во крводарителските акции.

Вакви крводарителски акции во соработка со општината, во последните десетина години редовно се одржуваат на секои шест месеци со што им се дава можност и шанса на сите граѓани кои се во можност, да даруваат крв, да се придружат на големото семејство на доброволни крводарители и да помогнат во спасувањето на нечиј човечки живот.

DSC_1290 (Medium)

DSC_1293 (Medium)

DSC_1296 (Medium)

DSC_1285 (Medium)

DSC_1308 (Medium)

DSC_1334 (Medium)

DSC_1312 (Medium)

DSC_1313 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail