Советот на општина Василево ја закажа 3-та седница

DSCN5467

На 05.12.2017 година, вторник, со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 3-та седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Измени и дополнување на Годишната програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.
  2. Извештај за работата на ОИК Василево за рализација на локалните избори 2017 година за период од 23.08.2017 до 15.10.2017 година.
  3. Финансиски извештај за реализирани приходи и трошоци за локални изборите 2017 година.
  4. Финансиски извештај за надоместок на ОИК Василево и ИО Василево.
  5. Предлог-програма за социјална заштита во општина Василево за 2018 година.
  6. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2018 година.
  7. Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици во општина Василево за 2018 година.
  8. Предлог-програма за одржување и проширување на јавното осветлување на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  9. Предлог-програма за спорт и рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  10. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2018 година.
  11. Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  12. Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на општина Василево за 2018 година.
  13. Предлог-програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  14. Предлог-програма за урбанистички планови во општина Василево за 2018 година.
  15. Предлог-програма за уредување на градежното земјиште во индустриската зона на општина Василево за 2018 година.
  16. Предлог-програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2018 година.
  17. Предлог-програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2018 година.
  18. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  19. Предлог-одлука за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на територијата на општина Василево.
  20. Предлог-програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Р. Македонија на подрачјето на општина Василево за 2018 година.
  21. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2018 година.
  22. Предлог-програма за работа на Советот на општина Василево за 2018 година.
  23. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект станбена куќа на К.П бр. 1694/1 во КО Градошорци, вон г.р.
  24. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ЗЗП „Агросојуз“, Василево.
  25. Донесување на одлука по барање за парични награди на наставници поднесено од ООУ„Гоце Делчев“, Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail