Советот на општина Василево ги донесе Програмите за наредната година

naslov

Советот на општина Василево денес ја одржа третата редовна седница на која беа усвоени сите предлози од обемниот дневен ред од кој најголем дел беа Предлог-програмите за работа на општината во наредната 2018 година кои советниците ги донесоа едногласно.  Најмногу дискусии предизвикаа Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици и Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2018 година.

Дел од предлозите дадени од советниците на самата седница а кои се опднесуваат на асфалтирање на одредени улици, беа прифатени и инкорпорирани во Програмата за наредната година.

Во фокусот на советниците беше и Предлог-програмата за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води во општина Василево за 2018 година. Во образложението дадено од  предлагачот- градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев беше речено дека во текот на 2018 година  општината ќе работи на изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води во населените места Ангелци и Градошорци, а ќе биде изграден и дел од систем за фекална канализација во населеното место Василево. На прашањето околу ургентноста од изградба на канализација која ќе го покрива целото населено место Василево, градоначалникот Јанев нагласи дека Програмата е во согласност со реалните финансиски можности на општината и дека се што би влегло во Програмите а ги надминува реалниот финансиски капацитет на општината ќе биде само билдање на Буџетот без реални можности за негова реализација, поради што канализацијата во Василево ќе се гради етапно.

Едногласно беа донесени и останатите Предлог-програми  за чија реализација  средства ќе се обезбедат со Буџетот за наредната 2018 година.

На дневен ред на денешната 3-та Седница на Советот на општина Василево  беа и Измените и дополнување на Годишната програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, Извештаите за работата на ОИК Василево за неодамна одржаните локални избори, како и неколку барања за финансиска поддршка поднесени од физички и правни субјекти.

DSC_1370 (Medium)

DSC_1376 (Medium)

DSC_1378 (Medium)

DSC_1382 (Medium)

DSC_1386 (Medium)

DSC_1400 (Medium)

DSC_1401 (Medium)

DSC_1406 (Medium)

DSC_1409 (Medium)

DSC_1410 (Medium)

posledna

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail