Закажана петата седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Петата седница на Советот на општина Василево ќе се одржи на 31.12.2018 година со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата предложен е следниот дневнен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетпот за 2017 година за периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година (К-1).
  2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година (К-2).
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01. 2017 до 31.12. 2017 година (К-3).
  4. Предлог-одлука за утврдување на надворешен член на Комисијата за давање на мислење на нацрт планови на општина Василево и утврдување на надомест за истиот.
  5. Предлог-одлука за пренесување на правото на сопственост и владение на патничко моторно возило Цитроен Берлинго на ЈПКД „Турија“ , Василево.
  6. Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во Предлог-проектот поднесен до Бирото за регоинален развој.
  7. Предлог-одлука за задолжување на општина Василево со заем од Македонска банка за поддршка на развојот, за реализација на проекти од ИПА компонентата за прекугранична соработка.
  8. Донесување на одлука по барањето за спонзорство поднесено од ЛД „Скоруш“, Куклиш.
  9. Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Орце Димитров од с. Сушево.
  10. Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Мирсат Мемедов од с. Нова Маала.
  11. Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Драги Арабаџиев од с. Сарај.
  12. Донесување на одлука по барањето за финансиски средства поднесено од Анка Пешева од с. Владевци.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail