Одржана петата седница на Советот на општина Василево

DSC_0199 (Medium)

Денес Советот на општина Василево ја одржа петата седница на која беа донесени Кварталните извештаи за Буџетот на општина Василево за 2017 година, за периодот од  01.01.2017 до 31.12.2017 година: Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот (К-1), Кварталниот извештај за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево (К-3).

Образложение даде градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој реализацијата на минатогодишниот Буџет ја окарактеризира како просечна. Кај вкупниот Буџет од планираните 224 730 000 денари, извршувањето на Буџетот за 2017 година изнесува околу 145 000 000 денари или околу 64%.

Кај Основниот,  Буџетот на општина Василево без единките корисници,  од планираните  130 900 000 денари реализирани се околу 66 000 000 денари или во проценти, 50%. Единствено целосна реализација има кај Блок дотациите, односно  платите во училиштата. Кај самофинансирачките активности има реализација од 75%. Ова се однесува на одредени приходи на училиштата и градинките. Кај донациите, одноно средствата кои се обезбедуваат од министерствата, бироата и агенциите реализација е 57%. Во делот на кредити, каде се планирани 10 000 000 денари реализирани се 4 288 000 денари или приближно 42%. „Ова е некоја просечна реализација на вкупниот Буџет на општина Василево  која е резултат пред се на раководењето на претходната локална власт“, рече градоначалникот Јанев во образложението дадено на денешната седница.

„Во делот на доспеаните а ненамирени обврски, во периодот од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година, општина Василево има направено долг од 1 016 000 денари, додека вкупниот долг на општина Василево заклучно со 2017 година  изнесува околу 67 до 70 милиони денари од кои околу 40 000 000 денари е долг кон приватни фирми а остатокот е кредитно задолжување: кредит за водоводната мрежа Чанаклија и кредит за улиците во Нова Маала и Пиперево. Што се однесува до отплатата на кредити сега засега го враќаме само кредитот за водоводот во Чанаклија, враќањето се спроведува по предвидената динамика односно плаќаме двапати годишно по една рата и истиот би требало да се исплати до 2022 година“, образложи градоначалникот Јанев.

На денешната седница донесена беше и одлука за задолжување на општина Василево со заем од  Македонска банка за поддршка на развојот. Се работи за ознос од 2 300 000 денари и истиот е заради дореализација на проектот за реконструкција на училиштето во населеното место Седларци. Во врска со заемот градоначалникот Марјан Јанев го даде следново образложение:

„Заради лошата финансиска состојба на општина Василево и потребата од дозавршување на проектот од ИПА компонентата за прекугранична соработка за реконструкција на училиштето во Седларци, општина Василево мора да земе кредит од Македонска банка за поддршка на развојот. Кредитот се зема за да се дореализира проектот во населеното место Седларци односно да се   дозаврши реконструкцијата на училиштето. Во делот на исплатата на средствата од Европската унија неопходно е најпрво општина Василево да ја исплати реализацијата на проектот на фирмата изведувач, по што фирмата изведувач доставува  документ до општината кој потоа  општината го доставува до    Министерството за регионален развој и јавни набавки во Р.Бугарија. По кратко време тие средства се трансферираат на Буџетот на општина Василево, по што  општината го враќа кредитот на Македонска банка. Градоначалникот смета  дека целата постапка со враќање на кредитот и дореализација на самиот проект би требало да заврши во периодот на месеците јуни или јули.

На денешната седница усвоена беше и предлог-одлуката за сопствено учество на општина Василево во Предлог-проектот поднесен до Бирото за регионален развој, а кој се однесува на изградба на две прифатилишта за бездомни животни во Југоисточниот плански регион.

Позитивно беше одговорено и на неколку барања за финансиска помош поднесени до Советот на општина Василево.

DSC_0187 (Medium)

DSC_0188 (Medium)

DSC_0193 (Medium)

DSC_0198 (Medium)

DSC_0204 (Medium)

DSC_0208 (Medium)

DSC_0209 (Medium)

DSC_0210 (Medium)

DSC_0211 (Medium)

DSC_0212 (Medium)

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail