Се чистат каналите во општина Василево

DSCN5449

Во текот на денешниот ден, механизација ангажирана од Струмички слив ги привршува активностите на чистење на каналот што ги поврзува населените места Едрениково и Градошорци. Според информацијата добиена од градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, оваа активност се спроведува во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија кое, активноста на чистење на каналите во општина Василево им ја има доверено на Струмички слив. Предлогот за тоа кои канали ќе бидат исчистени на барање на Министерството е даден од локалната самоуправа Василево.

Во текот на минатата недела во рамки на истата активност исчистен е и каналот во населеното место Чанаклија, односно Азмакот како што е познат меѓу народот, во должина од околу 4 км.
Градоначалникот Стојанов информира дека чистењето на каналите е една од приоритетните активности на општината, која во соработка министерствата, општинското јавно комунално претпријатие и другите институции кои имаат надлежност од оваа област, продолжува и понатаму да ја спроведува во сите населени места согласно потребите.

DSCN5445DSCN5459DSCN5447

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail