Советот на општина Василево ја одржа седмата седница

DSC_0388 (Medium)

Советот на општина Василево ја одржа седмата седница на чиј дневен ред беа вкупно 18 предлози меѓу кои Завршните сметки на: општина Василево, на ЈПКД „Турија“,  Василево, на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала и на детската градинка „Прва радост“  Василево.  Истите беа донесени без дискусии и забелешки. Дискусија и напуштање на седницата од страна на советниците од ВМРО ДПМНЕ предизвикаа првите две точки од дневниот ред: Разгледување на Решение за запирање на објавување пропис бр.08-308/2 од 28.02.2018 година и донесување на соодветен заклучок за престанок и верификација на мандат на член на Советот на општина Василево и Разгледување на Решение за запирање на објавување пропис бр.08-309/2 од 28.02.2018 година и донесување на соодветен заклучок за прифаќање на дадената и потпишаната свечена изјава на член на Советот на општина Василево. Со образложение дека остануваат на ставот од претходните две седници во врска со верификацијата на мандатот на член на Советот, советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата, за потоа да се вратат и приклучат во работата по останатите точки од дневниот ред.

Во врска со спроведувањето на превентивната дезинсекција, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев даде образложение дека постапката ќе се спроведува преку Југоисточниот плански регион, кој ќе ја води целата постапка. Градоначалникот даде образложение и за Предлог-одлуката за давање на согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југоисточниот плански регион, за која како што рече поради финансиската состојба на општините и средствата неопходни за основање на депонија кои изнесуваат  околу 18,5 милиони евра од кои општина Василево треба да одвои средства во висина од 480 000 евра, постапката за основање на депонија за Југоисточниот регион треба да и се довери на Владата на Р.Македонија. Депонијата по основањето би и била доделана на управување на општина Струмица.

Донесена беше и одлука за проширување на Буџетот на општина Василево, за износ од 1 700 000 денари, средства неопходни за исплата на рата од кредитот за улиците во Нова Маала и Пиперево. Советниците расправаа и по неколкуте барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица.

DSC_0349 (Medium)

DSC_0354 (Medium)

DSC_0356 (Medium)

DSC_0360 (Medium)

DSC_0367 (Medium)

DSC_0369 (Medium)

DSC_0375 (Medium)

DSC_0382 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail