Советот на општина Василево ја одржа осмата седница

DSC_0396 (Medium)

Денес, Советот на општина Василево ја одржа осмата седница и ги усвои сите предлозите од дневниот ред кој на самата седница беше дополнет со седум дополнителни точки. На забелешката од советниците од Советничката група од ВМРО ДПМНЕ дека дневниот ред се надополнува со голем број на дополнителни точки, итноста за истите ја образложи градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев. „Станува збор за точки на дневниот ред кои се врзани со рокови односно најдоцна до 31-ви март треба да добијат согласност од Советот, како што се годишните извештаи од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Годишниот план за вработување и  Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево, како и  одлука и согласност за финасирање на приоритетен проект на општината кој ќе се финансира со средства од ЕУ“, рече во образложението за итноста градоначалникот Јанев.

Советниците ги усвоија и годишните планови за вработување на ООУ„Гоце Делчев“, Василево, на ЈОУДГ „Прва радост“,  и  на општина Василево како и  завршната сметка на ООУ„Гоце Делчев“, Василево.

На оваа седница беа разрешени и именувани членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево. Образложение даде градоначалникот Јанев  кој меѓу другото рече дека  измените се неопходни поради тоа што  мандатите на досегашните членови на Управниот и Надзорниот одбор се веќе истечени. Нови членови на УО на ЈПКД „Турија“, Василево се: Марија Митрова, Ѓорѓи Костадинов, Павле Ѓоргиев  и Симона Стојанова и Ристо Лазаров – претседател, додека за  членови на Надзорниот одбор се именувани: Петре Партиков, Томчо Јанев, Александар Тимов и Тони Еркечев и  Ристо Велков како претседател.

На седницата беше усвоена и Предлог-програмата  за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2018 година. Советниците ги изгласаа и измени во Комисиите за финансирање, буџет и локален економски развој, во Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и во  Комисијата за еднакви можности, од каде беше разрешена советничката Сандра Илиева од советничката група на Коалицијата на СДСМ а на нејзино место именуван советникот Атанас Ристов од истата советничка листа. На оваа седница советниците позитивно одговорија и на едно барање за финансиска помош поднесено од ЈЗУ општа болница Струмица.

DSC_0404 (Medium)

DSC_0416 (Medium)

DSC_0417 (Medium)

DSC_0419 (Medium)

DSC_0425 (Medium)

DSC_0402 (Medium)

DSC_0423 (Medium)

DSC_0434 (Medium)

DSC_0411 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail