„Велигденски сладок панаѓур“ на основците од с.Ангелци

7 (Medium)

По повод големиот Христијански празник Воскресение Христово – Велигден, денес, во основното училиште „Гоце Делчев“ во с. Ангелци се одржа „Велигденски сладок панаѓур“  – хуманитарен настан во кој учествуваа учениците од ова училиште заедно со нивните родители и наставници. На училишните клупи претворени во убаво декорирани тезги учениците ги  продаваа своите велигденски изработки,  колачи, велигденски јајца. Како што не информираше наставничката Цвета Костадинова, која заедно со своите ученици беше вклучена во акцијата, во ова училиште организирањето на вакви и слични хуманитарни активности и настани е пракса. На тој начин од најрана возраст ги учат своите ученици да помагаат; кај нив го будат чувството за хуманост и ги учат да даруваат таму каде што има потреба.

Во активноста се вклучи и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој како што рече ја почитува големината на таа хумана идеја бидејќи дарувањето е посебен чин кој не облагородува и затоа секој од нас треба секогаш кога е во можност да дарува, да му помогне на другиот, да му помогне на оној на кој му е потребно.

Средствата собрани на Велигденскиот сладок панаѓур ќе бидат донирани.

3 (Medium)

5 (Medium)

8 (Medium)

29695132_10215535152550273_3561867548813164544_n

29791837_10215535152750278_413901256671625216_n

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail