„Бело поле“ победници на Велигденскиот турнир во Василево

1

Екипата на „Бело Поле“ од Василево се победници на годинешниот Велигденски турнир во мал фудбал што по повод Велигденските празници се одржа во Василево.  Тие во финалето со резултат од 2:1 ја совладаа екипата на Назим од Василево. Третото место го освои екипата на „Енерџи дринк“ од Градошорци а четвропласирани се „Кар шоп“ од Василево.

За најдобар играч прогласен е Трајче Јанев, за најдобар стрелец – Александар Ѓоргиевски, а за најдобар голман – Мики Иванов.

Финалето го следеа и првите луѓе на општина Василево, градоначалникот победниците им ги врачија наградите.

Вкупниот награден фонд на годинешниот турнир  беше 25 000 денари. Организатор на турнирот, кој се одржува секоја година за време на Велигденските празници,  е општина Василево.

1

3

9

 

10

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail