ООУ„Гоце Делчев“, Василево го одбележа својот патрон-празник

DSC_0050 (Medium)

Со полагање свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор и пригодна програма подготвена од учениците, денес ООУ„Гоце Делчев“ од Василево го одбележа својот патрон празник и 115-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, чие име го носи ова училиште.

Пред споменикот на Делчев беше прочитана творба за неговите дела по што делегации од  училиштето и локалната самоуправа се поклонија пред бистата и  положија свежо цвеќе.

„Со должна почит кон неговото дело, обврска на сите нас – неговите потомци е да го чуваме споменот за него, градејќи ја својата иднина токму во духот на неговата позната изрека дека светот е поле за културен напредок меѓу народите.

Со силата на знаењето,  со мудроста и  придобивките стекнати во училишните клупи, сите Вие драги ученици, треба да чекорите напред, во посветла и поубава иднина.  Ви посакувам периодот поминат во училиштето да биде вашето најубаво и истовремено најкорисно поминато време, во кое низ натпревар на знаење ќе се изградите како личности и сигурни ќе зачекорите во светот на реалните вредности, во светот каде вашите научени лекции ќе ги презентирате како квалитети и вештини“, рече меѓу другото градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во своето поздравно обраќање.

Во чест на името и делото на патронот учениците изведоа културна уметничка програма.

На учениците кои имаа добиено награди на досега одржаните натпревари, директорот на училиштето Стојан Тимов им врачи  благодарници, посакувајќи им успех  во понатамошното школување.

DSC_0041 (Medium)

DSC_0043 (Medium)

DSC_0047 (Medium)

DSC_0059 (Medium)

DSC_0066 (Medium)

DSC_0070 (Medium)

DSC_0074 (Medium)

DSC_0077 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail