Одржана 10-та седница на Советот на општина Василево

DSC_0116_1024x681

Советот на општина Василево ја одржа редовната 10-та седница на која беа усвоени сите предлози од дневниот ред кој на самата сеница беше дополнет  со три дополнителни: Барање за финансиска помош, Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Василево за 2018 година и Предлог-одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на општина Василево.

Измената во распоредот на средствата во Буџетот на општина Василево се однесува на програмата Основно образование и пренамената на средствата е заради нормално одвивање на тековните активности во ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала. Во рамки на веќе утврдениот буџет направена е миграција на средствата од една во друга ставка.

Два од вкупно десетте  предлози беа од ЈПКД „Турија“, од кои едниот беше дополнување на Ценовникот на ЈПКД „Турија“  за вршење на нивните активности во делот на канализацијата, а другиот беше за намалување на цената за  приклучување на системот за канализација. Едногласно беше усвоен предлогот, надоместокот за приклучување на системот за канализација за физички лица да изнесува 14 000 денари.

„Цената за приклучок на системот за канализација ќе изнесува 14 000 денари наспроти досегашните 18 000 ден. Ова е крајната цена што ќе ја плаќа секое домаќинство што значи во цената е вклучен и данокот на додадена вредност. Цената е утврдена врз основа на трошоците за ископ и материјалите кои ќе се употребат за приклучување на канализационата мрежа. Бидејќи од страна на граѓаните имаше реакции дека цената е превисока и дека доколку се намали, повеќе домаќинства ќе се приклучат, а од друга страна со последниот тендер цените на материјалите се пониски во однос на претходните,  па со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните, за кои всушност и постоиме,  го предлагаме ова намалување“ рече градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев во  образложението дадено на  денешната Седница.

На седницата беше усвоени и неколку предлози за финансиска помош на правни и физички лица.

DSC_0081_1024x681

DSC_0084_1024x681

DSC_0086_1024x681

DSC_0088_1024x681

DSC_0094_1024x681

DSC_0106_1024x681

DSC_0112_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail