Започна пријавувањето за меморијалниот турнир во мал фудбал, Ч`крче

11111111

Под покровителство на општина Василево , по четиринаесетти пат,  во населеното место Пиперево,  ќе се одржи меморијалниот турнир во мал фудбал, Ч`крче.

Турнирот ќе започне на 12.07.2018 година (четврток).

Заинтересираните екипи своето учество можат да го пријават најдоцна до 11.07.2018 год. (среда),  Ждребањето на паровите за игра ќе се одржи истиот ден (среда)  во 21 часот.

Котизацијата за учество за сениори изнесува 2000 денари, а за кадети – 1000 денари.

Право на учество имаат екипи од поширокиот регион.

Турнирот е ноќен, натпреварите ќе се играат под рефлектори со почеток од 20,00 часот, на игралиштето во центарот на с. Пиперево.

Заинтересираните за учество, дополнителни информации може да добијат на телефонските броеви: 078 423 181 и 071 933 848.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail