Дневен ред за 11- та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Единаесетата седница  на Советот на општина Василево е закажана за  петок, 13.07.2018 година, со почеток во 12,00 часот.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајна инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување  на бесправниот објект – идивидуална станбена куќа на к.п  бр. 2394 во КО Доброшинци.
  2. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување од урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти – прогон на к.п бр. 656/1 од КО Градошорци вон гр.
  3. Предлог-одлука за утврдување од потребата за донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти-деловен и помошен објект на к.п бр. 404 во КО Градошорци вон гр.
  4. Донесување на одлука по Барање за финансиска помош поднесено од Трајков Ване од с. Пиперево.
  5. Донесување на одлука по Барање за финансиска помош поднесено од Јовановски Стојче од с. Владевци.
  6. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Стоилов Страхил од с. Владевци.
  7. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Зорица Јанева.
  8. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Здружение АЛИ БЕГ.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail