Општина Василево го одбележа 19-ти јули

DSC_0295_1024x681

Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во с. Радичево,  денес во организација на општина Василево,  беше одбележана 77- годишнината од средбата меѓу Струмичката и Радовишката младина – средба на која биле поставени основите на идното заедничко револуционерно дејствување.

На одбележувањето беше прочитан реферат за текот на настаните и околностите под кои во зачетоците  на револуционерното дејствување, во далечната 1941 година била организирана средбата помеѓу младината од двата града, како прв чекор за идни, заеднички активности против окупаторот.

Оддавајќи им почит на тогашните учесници во средбата пред спомен плочата се поклонија делегации од општина Василево, и општинските организации на Сојузот на борците од НОБ на Струмица и Радовиш.

DSC_0278_1024x681

DSC_0282_1024x681

DSC_0283_1024x681

DSC_0295_1024x681

DSC_0299_1024x681

DSC_0301_1024x681

DSC_0306_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail