Дневен ред за 12-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Советот на општина Василево ја закажа 12-та седница за 16.08.2018 година, (четврток) со почеток во 12,00 часот. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за изградба на локален пат од Ново Владевци до Сушево.
  2. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за реконструкција на улица во Василево од пошта до црква.
  3. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за изградба на локален пат Чанаклија -Нова Маала.
  4. Предлог-Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот за изградба на локален пат од Ново Владевци до Сушево.
  5. Предлог-Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот за реконструкција на улица во Василево од пошта до црква.
  6. Предлог-Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства за реализација на проектот за локален пат Чанаклија -Нова Маала.
  7. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2018 година за период од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година К1.
  8. Квартален извештај за доспеаните а ненамирени обврски на општина Василево за период од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година К2.
  9. Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево за период од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година К3.
  10. Финансиски извештај на ЈПКД „Турија“ за Прво Полугодие за 2018 година од 01.01.2018 година до 30.06.2018 година.
  11. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Лазаров Горги од с.Сушево.
  12. Донесување на одлука по Барање за финансиски средства поднесено од Оливер Христов од с.Василево.
  13. Донесување на одлука по Барање за одобрување на просторија на користење во Културен дом во с.Василево поднесено од ЛД „Фазан“ Василево.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail