Крводарителска акција во Василево

DSC_0322_1024x681

Во среда, 15.08.2018 година, во периодот од 09,00 до 14,00 часот, Општинската организација на Црвен крст, Струмица заедно со Службата за трансфузиона медицина Струмица, во соработка и поддршка на општина Василево ќе спроведе акција на доброволно дарување крв. Акцијата ќе се спроведе во просториите на општинската зграда во Василево.

Организаторите ги покануваат граѓаните да се вклучат во оваа хумана акција и  со својата крв да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail