Во Василево се спроведе крводарителска акција

DSC_0338_1024x681

Денес, во Василево во организација на Црвен крст Струмица и Службата за трансфузиона медицина и во соработка и поддршка на општина Василево се  спроведе акција на доброволно дарување крв.

Организаторите задоволни од одзивот, кој и покрај  специфичниот период, време на годишни одмори и високи надворешни температури, беше  на високо ниво.

Вработените во општинските институции  но и останатаите граѓани од населените места на општина Василево уште еднаш  ја покажаа својата хуманост на дело, вклучувајќи се во денешната акција на доброволно дарување на крв.

Акцијата се спроведе во просториите на локалната самоуправа во Василево.

DSC_0327_1024x681

DSC_0332_1024x681

DSC_0338_1024x681

DSC_0342_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail