Успешен старт на новата учебна година во општина Василево

DSC_0459_1024x681

Околу 120 првачиња, денес  седнаа во училишните клупи на  двете основни општински училишта и десетте подрачни на територијата на општина Василево.

Осумдесетина  од нив се во ООУ„Гоце Делчев “ , Василево и подрачните во негов состав во населените места Радичево, Дукатино, Сушево, Владевци, Седларци, Едрениково и Ангелци, а четириесетина се ученици во ООУ„Атанас Нивичански“ заедно со  подрачните во негов состав  во населените места Висока Маала, Чанаклија и Доброшинци.

Добредојде на првачињата им посакаа директорите на училиштата, Стојан Тимов  и Соња Ничева и градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев.

„ Бидете секогаш среќни, весели, насмеани.  Бидете умни, учете вредно, внимавајте на часовите, слушајте ги наставниците и родителите, почитувајте ги возрасните.  Знаењето што овде ќе го стекнете ќе Ви отвори многу врати. А ние возрасните секогаш ќе сме овде за вас,  да ви помогнеме, да ве посоветуваме, да ве насочиме. Вие со вашиот труд, ние со нашето искуство и можности, ќе градиме поубава сегашност и иднина за сите“, им порача градоначачникот Јанев на првачињата на нивниот прв училишен ден.

Дополнително, денешниот ден на првачињата им беше разубавен   и со подарокот – школски прибор, што го обезбеди општината.

Според информациите од првите луѓе  на училиштата, бројот на запишани ученици не е конечен, и истиот според искуствата од претходните години ќе се комплетира во текот на овој месец.  Што се однесува до техничката и кадровската подготвеност, учичиштата се целосно подготвени за успешен старт на новата учебна година, информираа директорите на училиштата – Стојан Тимов  и Соња Ничева.

Подготвени за стартот на новата воспитна година се и од градинката „Прва радост“ од Василево и клонот во Моноспитово – „Малото славејче“ . Како што информираше в.д директорот Митко Јанев,  летниот период кога заинтересираноста за посетеност на градинките е помала направени се сите неопходни интервенции, така што од денес градинките подготвено ги прифатија сите заинтересирани дечиња.  Во градинката во Василево денес беа згрижени педесетина дечиња а во клонот во Моноспитово четириесетина. Вратите на градинките се отворени за нови дечиња се до целосно пополнување на капацитетот.

posledna

DSC_0423_1024x681

DSC_0432_1024x681

DSC_0447_1024x681

DSC_0453_1024x681

DSC_0458_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail