Општина Василево асфалтираше улица во Нова Маала

naslov

Населеното место Нова Маала од денес е побогато со уште една асфалтирана улица.  Градежната компанија „Бони Интерградба“ од Штип, ангажирана од општина Василево, заврши со асфалтирањето на улицата во т.н  Горна маала, која води кон селската продавница. Улицата е долга околу 300 метри  а широка  околу 4 метри, колку што и дозволуваат условите на теренот. За реализација на оваа улица средствата се обезбедени од општинскиот Буџет и изнесуваат околу 1 100 000 денари.

„ Активностите што општината ги презема на терен одат во прилог на она што повеќепати го потенцирам, а тоа е дека локалната патна инфраструктура е еден од приоритети на општина Василево. Добрата патна инфрастриктура е еден од битните услови  граѓаните на нашите населени места да имаат подобри услови во кои ќе живеат, ќе работат, ќе го минуваат и организираат своето секојдневие. Колку и да е тешко, за асфалтирање на нови патишта и за реконструкција на постојните мора да се најдат средства. Асфалтирањето на улицата во Нова Маала е само потврда дека потребите на граѓаните и  нивните барања, за нас како локална самоуправа,  секогаш се на прво место“,  дециден е градоначалникот на општина Василево Марјан  Јанев.

Во прилог на ова е и фактот дека деновиве беше асфалтирана и улицата во населеното место Седларци, во дожина од 65 метри.  Изведувач на градежните активности и на оваа улица беше компанијата „Бони Интерградба“ од Штип, со која неодамна општина Василево, по завршувањето на јавната набавка  потпиша договорот, согласно кој освен овие две улици, ќе биде асфалтирана и една улица во населеното место Василево во должина од 100 метри.

Градоначалникот Јанев очекува успешна градежна сезона во која ќе бидат реализирани сите планирани активности . „Очекувам оваа градежна сезона добрите временски услови да потраат па се што имаме планирано да го реализираме“,  изјави градоначалникот Јанев.

10_1024x768

14_1024x768

15_1024x768

naslov

19_1024x768

17_1024x768

16_1024x768

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail