Продолжува градежната офанзива во општина Василево

за сајт, реализирани

Општина Василево заврши  со асфалтирањето на улицата во Василево која беше  една од  трите  улици за чија изведба беше ангажирана градежната компанија „Бони Интерградба“ од Штип.  Должината на оваа улица изнесува околу 100 метри а ширината 4 метри. Средствата за нејзина изградба изнесуваат околу 500 000 денари и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

„Ова е последната од трите улици за кои согласно Постапката за јавна набавка, општината имаше потпишано Договор за нивна изградба со штипската фирма „Бони Интерградба“.  Во претходните неколку денови како дел од овој Договор беа асфалтирани улицата во с.Седларци и улицата во Нова маала. Вкупниот буџет за овие три улици, за кои средства успеавме да обезбедиме од сопствени приходи изнесува околу 2 000 000 денари.“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој денес беше на терен и присуствуваше на асфалтирањето на улицата во Василево.

„Граѓаните заслужуваат подобри услови во своите населени места, а ние сме овде за да ги реализираме нивните барања и потреби. Во текот на мојот  мандат максимално ќе се ангажирам во изнаоѓање средства за реализација на проекти кои практично ќе значат подобрување на целокупниот амбиент  во кој граѓаните егзистираат“, нагласи Јанев додавајќи дека  општина Василево со исто темпо продолжува и во наредниот период.

5_576x768

1

6_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail