Викендов општина Василево асфалтираше во Пиперево

naslov (1)

„Во изминатиот период интензивно  и напорно работиме на подобрување на локалната патна инфраструктура. Со денешното асфалтирање на улицата, на граѓаните им нудиме квалитетно и  трајно решение и подобрување на  условите за живот“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, викендов,  во Пиперево каде што присуствуваше на асфалтирање на улицата на која претходно, во текот на минатиот месец, беше извршено проширување на фекалната канализациона мрежа со поставување на нов канализационен крак.  Должината на оваа улица е околу 300 метри, а средствата за нејзина реализација во висина од околу 1 050 000 денари се обезбедени од општинскиот буџет. Изведувач на градежните активности е градежната компанија Пешо инженеринг.

„Се што работиме е произлезено од потребите и барањата на граѓаните. Како градоначалник секојдневно сум на терен, ги знам проблемите, ги знам потребите, а и како граѓанин на нашата општина во којашто живеам добро знам што недостасува, што е неопходно а што е приоритет.  И понатаму продолжувам заедно со општинската администрација да работам на подобрување на состојбата во сите сфери кои се во надлежност на локалната самоуправа“, нагчаси градоначалникот Јанев притоа информирајќи и за она што се гради тековнот или е  изградено во претходните денови.

Претходните денови асфалтирана е улица во населеното место Нова Маала, во должина од 300 метри, асфалтирана е и улица во населеното место Седларци, и  улица во Василево во должина од околу стотина метри,  додека во завршна фаза е изградбата на улица  во населеното место Градашорци, на влезот од десната страна во должина од 200 метри и улицата во Василево од пошта до повеќенаменско игралиште.

7

9

5

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail