Населеното место Нова Маала набрзо ќе добие спортска сала

6_1024x768

Деновиве, општина Василево започна со втората фаза од реконструкција на постојниот Дом на културата во населеното место Нова Маала и негова адаптација во спортска сала.
Со завршувањето на сите планирани активности од оваа втора фаза, која е финална, досегашниот Дом на култура ќе добие сосема нова функција; ќе биде адаптиран во современа спортска сала за потребите на ООУ „Атанас Нивичански“ и жителите на Нова Маала другите населени места од овој крај.
Согласно планот на активности во оваа фаза ќе се изврши внатрешно и надворешно малтерисување, изработка на надворешна фасада, комплетна водоводна и електрична канализација, ќе биде поставена нова алуминиумска столарија,  ќе бидат завршени и опремени соблекувалните и тоалетите а ќе се постават и кошеви согласно ФИБА стандардите.
„Овој стар, руиниран објект го враќаме во живот, им го враќаме на граѓаните со една сосема нова но многу корисна функција. После завршувањето на оваа фаза од реконструкцијата, која е последна, Основното општинско училиште „ Атанас Нивичански“ во кое настава од пето до девето одделение посетуваат  учениците од Висока Маала, Чанаклија,  Добрашинци и секако Нова Маала, ќе добие сопствен, функционално уреден спортски простор во кој ќе ги одржува редовните часови по спорт и физичо образование, простор во кој учениците ќе можат да ги развиваат своите спортски таленти, простор во кој ќе рекреираат и на здрав начин ќе го поминуваат своето слободно време“, изјави градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев при неговата денешна посета на објектот.
Износот на инвестицијата во оваа фаза изнесува околу 2 000 000 денари од кои 1 800 000 се обезбедени од Бирото за регинален развој, преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година, а остатокот од околу 200 000 денари се општински средства.
Инаку целосната реконструкција и адаптација се одвива во две фази. Во првата фаза која општина Василево ја реализираше мината година, опфатено е расчистување на теренот, отстранување и демонтажа на кровот и столаријата, внатрешно преградување на просториите наменети за соблекувална и тоалети, нов кров, нова подна плоча и скали. За овие активности општина Василево досега има вложено околу 2,5 милиони денари – сопствени средства.
Градоначалникот Јанев очекува работите да се одвиваат согласно предвидената динамика и ообјектот целосно да биде завршен и ставен во функција за околу два месеци.
Изведувач на работите во оваа втора фаза е фирмата „Техника“ од Радовиш.
Градоначалникот Јанев информираше дека во функција на подобрување на условите за спортување на жителите од ова населено место, во тек е и изградба на повеќенаменско игралиште.  „Сакам да напомена дека во ова населено место се гради и повеќенеманенско игралиште. На овој начин на младите ќе им овозможиме да спортуваа и да рекреираат“- изјави Јанев.

12_1024x768

13_1024x768

15_1024x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail