Извршен ремонт и чистење на филтер станицата Ташли Баир

DSC_0271

„Од петок, 05.10.2018 година   низ цевките на регионалниот водовод  од кој со вода се снабдуваат  граѓаните на населените места Василево, Ангелци, Градошорц, Едрениково и објектите во индустриската зона ќе потече чиста, здрава и филтрирана  вода за пиење“, информираше градоначалниот на општина Василево, Марјан Јанев по неговата посета на резервоарот за вода и филтер станицата на Ташли Баир, каде деновиве  ЈПКД „Турија“ во соработка со општина Василево изврши активности на ремонт, чистење и полнење на филтрите со активен јаглен.  Во моментот со вода од овој систем се снабдуваат 1309 домаќинства и 76 правни лица.

Според информациите од в.д директорот на ЈПКД „Турија“, Зоран Ѓеоргиев активноста опфаќа неколку фази и тоа: ремонт и чистење на филтрите од остатоците на песок,  нивно полнење со активен јаглен со кој водата се филтрира, целосно чистење на резервоарите од сите наталожени елементи и комплетно перење на водоводната мрежа.

„Морам да напоменам дека претходната локална власт оваа активност требало да ја изврши уште во 2010 година до кога филтрите имале капацитет да ја прочистуваат водата.  Но и покрај сите контроли и незадоволителни резултати од испитувањето на водата што ги прави  Центарот за јавно здравје, нашите претходници не презеле ништо и дозволја граѓаните да користат неисправна вода за пиење“, потенцираше градоначалникот Јанев најавувајќи и следните чекори  на планот на водоснабдувањето.

Јавното комунално претпријатие во наредните денови ќе ја спроведе истата активност и на филтер станицата во с. Доброшинци и со тоа граѓаните на Нова Маала, Доброшинци и Чанаклија ќе имаат здрава и чиста вода за пиење.  Инвестицијата на оваа активност за двете филтер станици изнесува околу 700 000 денари и ова е спроведено најдомаќински, максимално квалитетно и со минимум буџет, изјави Јанев.

S5001432

5

DSC_0271

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail