Училиштата во општина Василево ја одбележаа Детската недела

naslov

По повод  Детска недела, денес двете основни општински училишта  ООУ„Гоце Делчев“ од Василево и ООУ„Атанас Нивичански“ од Нова Маала, организираа свечени настани на кои првачињата официјално станаа членови на на Светската детска организација.  Пред своите наставници и постари другарчиња тие се обврзаа дека ќе ги почитуваат наставниците и возрасните,  ќе учат, вредно ќе ги извршуваат обвските и искрено ќе другаруваат.

Честитки по повод  зачленувањето во Детската организација им упати и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

„Драги првачиња ова е Ваш ден, кога Вие ни ветувате а ние се обврзуваме да го направиме вашето детство среќно и безгрижно. Наша обврска е да створиме услови во кои ќе учите, ќе стекнувате знаења, ќе се развивате и формирате во здрави личности.

Еве и јас како градоначачник Ви ветувам дека Вие децата постојано ќе бидете на врвот на приоритетита  на локалната самоуправа.

Искрено и од се срце Ви  го честитам  денешниот ден и зачленувањето во Светската детска организација. Бидете среќни и весели, радувајте се и уживајте во детството“ им порача градоначалникот на општина Василево  на првачињата.

9

14

8

2

12

1

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail