Општина Василево се подготвува за манифестацијата „Ден на празот“

DSC_0924

Во недела, на 04-ти ноември 2018 год.  во организација на општина Василево, во населеното место Градошорци,  ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на празот“.  Подготовките за оваа, единаесетта по ред манифестација,  се во тек.  Според програмата на манифестацијата ќе настапат ученици од општинските училишта,  културно уметнички друштва со свои фолклорни настапи како и музичка група која ќе се погрижи за забавниот дел од манифестацијата.

Присутните ќе ја имаат можноста да вкусат од многуте  специјалитети од праз,  подготвени од локалните домаќинки специјално за манифестацијата.

Новина на годинешната  Манифестација, која го промовира празот како здрава храна и Градошорци и овој крај како подрачје во кое се произведува најдобриот праз во државата и пошироко, е тоа што добива една нова,  димензија.  Посетителите ќе можат да ја покажат своја хуманост на дело, донирајќи парични средства за специјалитетите од праз што ќе посакаат да ги дегустираат. Собраните парични средства општината ќе ги донира на  оние на кои им се најнеопходни.

Општина Василево ги поканува вредните домаќинки и домаќини   како и секоја година, со своите специјалитети да ја збогатат трпезата на манифестацијата, покажувајќи ги неограничените можности за употреба на празот, а останати граѓани да дојдат во Градошорци и да уживаат во вкусот на празот и содржините на Манифестацијата.

DSC_1014

DSC_1095

DSC_1130

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail