Општина Василево одбележа историски настан во Варварица

maslov

Со традиционалниот „Марш до Варварица“ во организација на локалната самоуправа Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица  беше одбележана 74 годишнината од формирањето на Првиот Околиски комитет на народноослободителниот младински сојуз на Македонија и Првиот Народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко.

Пред спомен плочата на која се испишани имињата на учесниците во овие историски настани свежо цвеќе положија делегации на од општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица.

Делегации од општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица  положија свежо цвеќе пред спомен плочата на која се испишани имињата на учесниците во овие историски настани. Пред спомен-плочата меѓу другите се поклонија и пратеникот во Републичкиот парламент Сашко Атанасов и градоначалникот на општина  Василево Марјан Јанев кој пред присутните прочита и реферат за настаните  што се случувале во тој крај во далечната 1944 год.  кога револуционерната борба земала се поголем замав, а слободата била се поблизу.

16

maslov

8

13

12

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail