Свечена седница на Советот на општина Василево

zname, o.Vasilevo

По повод одбележувањето  на Денот на општина Василево, 16-ти Декември и 22-годишнината од конституирањето на Советот на општина Василево,  во понеделник, 17.12.2018 година, со почеток во 12,00 часот Советот на општина Василево ќе одржи Свечена седница.

Седницата ќе се одржи во малата сала на мотелот Мис Стон во Василево.

На седницата свои обраќања ќе имаат претседателот на општинскиот Совет – Крсте Панев и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail