Дневен ред за 16-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Советот на општина Василево ја закажа 16-та седница, која ќе се одржи  на 21.12.2018 година (петок) со почеток во 12,00 часот. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2019 година;
  2. Предлог-програма за изградба на сиситеми за одведување и прочистување на отпадните води во општина Василево за 2019 година;
  3. Предлог-програма за изградба, реконстрикција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2019 година;
  4. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2019 година;
  5. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2019 година;
  6. Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2019 година;
  7. Предлог-програма за начинот на пресметување на трошоците за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Василево за 2019 година;
  8. Предлог-програма за одржување и проширување на уличното осветлување на општина Василево за 2019 година;
  9. Предлог-програма за поставување вертикална и хоризантална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици во општина Василевово 2019 година;
  10. Предлог-програма за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2019 година;
  11. Предлог-програма за уредување на градежното земјиште во индустриската зона ма општина Василево за 2019 година;
  12. Предлог-програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 20198 година;
  13. Предлог-програма за активностите во областа на заштита и спасувањето противпожарната заштита и справување со кризи во 2019 година;
  14. Предлог-годишна програма за работа на овластен комунален инспектор во 2019 година;
  15. Давање согласност на финансискиот план на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2019 година донесен од Училишниот одбор на ООУ„Гоце Делчев“, Василево;
  16. Давање согласност на финансискиот план на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2019 година донесен од Училишниот одбор на ООУ„Атанас Нивичански“, Мова Маала;
  17. Предлог-одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2019 година;

Седницата ќе се одржи вопросториите на Домот на културата во Василево.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail