Советот на општина Василево ги донесе Програмите за наредната година

naslov

На денешната, 16-та редовна седница на дневен ред беа Предлог-програмите за работа на општина Василево за наредната 2019 година. Предгачот, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во образложението што го даде, нагласи дека Програмите, кои како составен дел ќе бидат инкорпорирани во Предлог-Буџетот на општина Василево кој ќе се најде на дневен ред на следната седница, се правени во рамки на расположивите средства односно средствата кои се обезбедени. „Насоките дадени од Владата на Република Македонија за изготвување на Буџетите на општините за 2019 година се дека истите треба да се движат во рамки на просечната реализација од изминатите три години зголемено за 10 %, кое изразено во бројки за општина Василево изнесува околу 50 000 000 денари. Овој износ се однесува на основниот Буџет на општина Василево. Ова е направено со цел од една страна нереално да не ги билдаме Буџетите и од друга страна да не ги задолжуваме општините. Не е проблем доколку обезбедиме повеќе средства истите да ги реализираме, преку зголемување  и ребаланс на Буџетот“, рече во своето образложение градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев.

Советниците ги  усвоија и  финансиските планови за 2019 година на двете основни општински училиште „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала и финансискиот план за 2019 год. на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево. Донесени беа и Одлуката за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2019 година;   Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П бр. 1765 во КО Василево вон г.р,;  Одлука за утврдување на Комисија за прием на повеќе деца од проектираниот капацитет на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево и утврдување на поблиските критериуми за прием на деца и Одлука за сопствено учество на општина Василево за реализација на проектот „Уредување на дел од индустриски зони во ЈИПР, услов за зголемен економски развој преку изградба на Дел од улица 9 во индустриска зона Запад, Градашорци, О.Василево. Согласно оваа Одлука вкупниот Буџет за изградба на оваа улица изнесува околу 5 700 000 денари од кои 11% или околу  600 000 ќе биде сопствено учество на општината, а износот од околу  5 100 000 денари ќе се обезбедат од Бирото за регионален развој.

Наредната седница на Советот на општина Василево на чиј дневен ред ќе се најде Предлог-Буџетот за 2019 година, претседателот на Советот ја најави за в сабота, 29.12.2018 година.

1

2

DSC_0394_1280x851

DSC_0397_1280x851

DSC_0419_1280x851

DSC_0421_1280x851

DSC_0423_1280x851

DSC_0429_1280x851

DSC_0433_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail