Општина Василево им подари Новогодишни пакетчиња на првачињата

DSC_0435_1280x851

Денес, првачињата од училиштето „Гоце Делчев“ во Василево, заедно со своите наставнички, беа гости во општинската зграда, каде од Дедо Мраз добија  новогодишни пакетчиња,  а тие преку песнички  се заблагодарија и му ја честитаа Новата година на градоначалникот  Марјан Јанев и и вработените во општината. „Да ми бидете сите здрави и живи, весели, среќни и безгрижни“  им посака градоначалникот Јанев на дечињата на денешната средба.

Традиционално, општина Василево  им подари Новогодишни пакетчиња на сите првачиња кои учат во училиштата  во општина Василево.

Крајот на оваа 2018-та основците од ООУ„Гоце Делчев“, Василево ќе го одбележат со специјална новогодишна програма. Под мотот „Да запееме сите заедно….од нас за нас“,  денес, со почеток во 16,30 часот, во спортската сала во Василево ќе изведат богата Новогодишна програма. Настанот има хуманитарен карактер.  Средствата собрани од влезниците ќе бидат искористени во хуманитарни цели.

DSC_0437_1280x851

DSC_0440_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail