Новогодишно-Божиќна честитка од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев

DSC_0771 (Medium)

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев  по повод Новогодишно-Божиќните празници упати  честитка до своите сограѓани.

Почирувани сограѓани!

Уште една година е зад нас.  Година на предизвици, година на стварање, година на исполнување на дадените ветувања, година на исполнување на Вашите барања и очекувања.

Ја испраќаме Старата со добра мисла и многу  планови и идеи за наредната.

Наша обврска е да го задржиме континуитетот во развојот на општина Василево; постојано да работиме на стварање нови содржини, услуги и вредности кои со кои ќе го подобриме стандардот на секојдневното живеење.  Да изградиме нови улици и патишта, тротоари, канализации;  Да ги исчистиме дивите депонии; Да ги осветлиме неосветлените  улички; Да изградиме нова детска градинка;  детски игралишта и паркови; нови спортски терени………..и уште многу други мали и големи проекти во сите населени места кои ќе го направат животот поубав на сите граѓани на општина Василево.   Заедно да направиме  времето кое доаѓа да биде време на нов раст и развој на општина Василево.

Со позитивна енергија и оптимизам да зачекориме во Новата 2019-та.  Со волја и упорност, сплотени, со заеднички сили да продолжиме во менувањето на ликот на нашата општина.

Да бидеме сите здрави и живи, среќни и весели,  и во хармонија и слога да ги поминеме празниците што идат.

Ви посакувам среќна и бериќетна Новата 2019 година и весели Божиќни празници .

                               Со почит,                                                              Ваш Градоначалник

                                                                                                            Марјан Јанев

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail