Советот на општина Василево ја одржа 18-та седница

naslov

Кварталните извештаи за работата на општина Василево, К1, К2 и К3 , за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година беа усвоени на денешната 18-та седница, која воедно е и прва седница во оваа календарска година. Согласно извештаите,  од планираните 201 003 693 денари кај Буџетот на општина Василево , вклучувајќи го и Буџетот на единките корисници ООУ „Гоце Делчев“, Василево, ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала, и ЈОУДГ„Прва радост“, Василево  на крајот од пресметковниот период реализирани се вкупно 121 836 234 денари или во проценти 60,62%.  Реализацијата кај основниот буџет изнесува околу 39% односно од планирани 112 000 000 денари реализирани се 43 212 446 денари.

Кај блок дотациите реализацијата е 96,68 %, кај самофинансирачките  активности 60,04 %, кај донациите 47,18% и кај кредитите 99,11 %.

Во образложението градоначалникот на општината, Марјан Јанев, кој нагласи дека одредени работи во реализацијата на Буџетот не зависат само од општината туку и од други институции.

„Во делот на реализација на основниот Буџет за улици, патишта, канализации… што беа планирани да се изградат со средства од локалната самоуправа, беа реализирани во целост. Меѓутоа средствата што ни беа предвидени од одредени министерства, агенции и Влада не се реализирани од причина што тие покасно ги  објавија јавните повици, на кои ние доставивме апликации  и кај околу 90 % имаме позитивен одговор, но истите ќе бидат реализирани во текот на оваа година“ образложи градоначалникот Јанев.

„Како друга причина за ваквата реализација е тоа што во минатогодишниот Буџет имавме предвидено капитални приходи од продажба на државно градежно земјиште во износ од околу 42 000 000 денари“.  Причината за  нереализираноста на овие средства, градоначалникот Јанев ја лоцираше во неможноста општина Василево сама да располага со државното градежно земјиште, поради тоа што сеуште  од страна на Министерството за транспорт и врски на  општината  не и е префрлена надлежноста за  располагање и продажба на државно градежно земјиште.

На седницата усвоена беше и предлог-одлуката за  проширување на Буџетот на општина Василево за 2019 година, во Програмата Основно образование, како и одлука која се однесува на утврдување на бодот за платите на државните службеници.

Советниците дадоа позитивно светло и на  одлуката за вршење отпис на застарени даночни обврски по основ на комунална такса на обврзници на подрачјето на општина Василево а се однесува на обврзници кои извршиле ликвидација или за кои веќе е завршена стечајната постапка.

Усвоени беа и неколку предлог –одлуки за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација  и тоа за помошен објект на к.п бр 2274 во КО Сушево, станбена зграда и помошен објект на к.п. бр. 1909/1 во КО Пиперево, индивидуална станбена зграда за к.п бр. 1909/1 во КО Пиперево и викендица на к.п. бр 1572 во КО Сушево.

Усвоен беше и финансискиот извештај на јавното комунално претпријатие „Турија“, Василево за периодот од  01.01.2018 до 31.12.2018 година.  Според извештајот  ЈПКД„Турија“ покажува позитивен финансиски резултат односно добивка во износ од 202 157 денари.

Советниците ги донесоа и Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Р.Македонија, на подрачјето на општина Василево за 2019 година, Програмата за работа на Советот на општина Василево за 2019 година и Извештајот за реалиазција на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2018 година.

На дневен ред на денешната седница позитивно беше одговорено и на неколкуте барања за финансиска помош поднесени од физички и правни лица.

prva

vtora

treta

DSC_0565_1280x851

DSC_0567_1280x851

DSC_0570_1280x851

DSC_0572_1280x851

DSC_0584_1280x851

DSC_0592_1280x851

DSC_0613_1280x851

DSC_0617_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail