Одржана 19-та седница на Советот на општина Василево

naslov

Советот на општина Василево, денес ја одржа редовната 19-та седница, од чиј дневен ред, на предлог на советничката Христина Гошева од Советничката група на СДСМ, беа изземени девет точки од дневниот ред. Сите девет точки беа барања за финансиска помош и спонзорства поднесени од правни и физички лица. Во образложението за ваквиот предлог Гошева нагласи дека поради веќе распишаните претседателски избори Советот нема законска можност да одобрува финансиски средства, по што предлогот за изземање на посочените точки од дневниот ред беше едногласно прифатен.

Како дополнителна точка за работа на седницате беше предложена и прафатена  Предлог-програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2019 година. Истата беше едногласно усвоена.

Со гласовите на сите присутни светници донесени беа и Планот за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Василево (2019-2021),  Спогодбата за измена  и дополнување на Спогодбата за начинот и условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници за општините: Струмица, Босилово, Василево и Ново Село и  Одлуката за давање на времено користење без надоместок на недвижни ствари – простор на Министерството за труд и социјална политика – Скопје, Меѓуопштински центар за социјални работи Струмица согласно која на барање на Министерството за труд и социјална политика, општина Василево на  Меѓуопштински центар за социјални работи Струмица му отстапува простории за отварање канцеларија во која граѓаните ќе добиваат услуги од областа на социјалната сфера. Просториите се лоцирани во Василево, во зградата во која е и амбулантата и истите, со договор ќе му бидат отстапени на МТСП на одредено време.

На седницата беше усвоен и полугодишниот извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за учебната 2018/2019 година, и Предлогот за разрешување на член на училишниот одбор на ова училиште и назначување на друг член. Разрешена беше Ели Ѓорѓиева а на најзино место назначена Виолета Тонева.

Советниците ја усвоија и предложената Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П бр. 1765 во КО Василево вон г.р  и предложената Одлука за сопствено учество на општина Василево за реализација на проектот за улица во с. Нова Маала до резервоар согласно која општина Василево обезбедува сопствени средства во висина од  околу 980 000 денари за изградба на улица во Нова Маала за која средства во висина од 1 000 000 денари се обезбедени преку Министерството за финансии  од Проектот за подобрување на општинските услуги.

DSC_0705_1280x851

DSC_0706_1280x851

DSC_0710_1280x851

DSC_0711_1280x851

DSC_0715_1280x851

DSC_0716_1280x851

DSC_0719_1280x851

DSC_0720_1280x851

DSC_0721_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail