Градоначалникот на општина Василево на средби со граѓаните

naslov

Градоначалникот на општина Василево  Марјан Јанев, денес  ќе оствари средба со жителите на населеното место Василево. Средбата  ќе се одржи во просториите  на ООУ„Гоце Делчев“, Василево со почеток во 18,30 часот.  Ова е една од низата средби со граѓаните, кои деновиве градоначалникот ги реализира во населените места и на кои главно се разговара за актуелните потреби и проблеми и можните решенија за нивно надминување.  Според информацијата од градоначалникот Јанев, средбите  кои започнаа минатата недела ќе продолжат и во текот на наредните денови  односно  ќе се одржат во сите населени места. Целта е да се детектираат актуелните потреби и проблеми и во заеднички разговор и консултации  со сите засегнати страни   да се понудат решенија и да се изнајдат најсоодветните начини за брзо и ефикасно надминување на состојбите и решавање на проблемите.

Заради посеопфатен пристап кон актуелните состојби,  на  средбите со граѓаните освен градоначалникот присуствуваат и претставници од  локалната самоуправа и другите  релевантни државни и локални институции кои можат да дадат активен придонес  во решавање на идентификуваните проблеми и подобрување на  тековните состојби.

Досега, одржани се средби со граѓаните на населените места Едрениково, Пиперево, Градошорци (во Чифлик Маало), Сушево и  Висока Маала.  Вечерва ќе се одржи средбата со граѓаните на Василево а за утревечер закажана е средба со жителите на Нова Маала.

Вакви средби, во наредниот период ќе се одржат и во останатите населени места на општина Василево.

1

3

4

4-horz_1280x853

5

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail