Општина Василево најтранспарентна во Југоисточниот плански регион

GGGG-horz

Општина Василево е најтранспарентна во нејзиното работење  во рамки на Југоисточниот плански регион и општина која освен тоа што ги исполнува законските обврски за транспарентност користи и свои методи за да биде поблиску до граѓаните – покажаа резултатите од анализата за транспарентност при вработување на општините од Југоисточниот регион, направени од страна на Здружението на граѓани ПРОФИЦИО..

На презентацијата на резултатите од анализата со која се опфатени сите 10 општини од Југоисточниот плански регион  (Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица), претставникот од општина Василево, Верче Миткова пред присутните ги образложи  начините, практиките, каналите и методите кои се практикуваат во  во општина Василево, а чија крајна цел е транспарентност во работењето. Миткова потенцираше дека освен  информирањето на граѓаните во делот на она што значи законска обврска, општина Вaсилево континуирано подготвува и пласира информации кои се однесуваат на работењето на општината, на нејзините  органи, независно дали тоа е во делот на надлежностите на градоначалникот, советот , општинската администрација или јавните претпријатија и установи основани од општината.  За  разлика од сите останати општини во регионот општина Василево на својата официјална веб страна  www.opstinavasilevo.gov.mk , меѓудругото ги има објавено и огласите за унапредување на административни службеници што е само еден позитивен пример за транспарентно и отчетно работење на јавна институција.

Како резултат на анализата од ПРОФИЦИО општините добија и соодветни препораки во насока на зголемување на транспарентноста како на пример преземање иницијатива јавно да ги објават актите за систематизација и нивните измени. да се подобрат јавно достапните информации и отчетноста на општините при спроведување на постапките за вработување, да воспостават систем на континуирана обука и професионален развој со цел зголемување на квалитетот на јавните услуги.

Оваа анализа Здружението на граѓани ПРОФИЦИО ја има спроведено во рамки на проектот Транспарентна и ефикасна локална власт – услов за развој, имплементиран од „Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)“ и „Евротинк – Центар за европски стратегии“, а финансиски поддржан од Европската унија во рамки на IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015

thumbnail

1

2

4

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail