Саниран локалниот пат Старо Владевци- Ново Владевци

naslov

Општина Василево, деновиве го санираше  локалниот пат Старо Владевци – Ново Владевци кој беше во особено лоша состојба.  Санацијата е извршена по целата негова должина односно санирана е должина од околу 1,6 км.  По гребењето и подготовката на теренот поставен е новиот асфалт со што  целосно се подобрени условите за одвивање на сообраќајот во овој дел од населеното место.

Според информацијата од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев,  во конкретниот случај санацијата е резултат на барањето на граѓаните на с. Владевци, произлезена од  средбите со граѓаните кои градоначалникот редовно ги одржува,  а на кои се идентификуваат проблемите и потребите на граѓаните.

Средствата за санација на овој локален пат се обезбедени од Буџетот на општина Василево а работите на терен ги изведува  фирмата  Изолација од Скопје, со која општина Василево има склучен договор врз основа на јавна набавка.

Патната инфраструктура и понатаму останува еден од главните приоритети на општина Василево чии активности ќе се реализираат и во наредниот период.

Следни на ред за санација се локалните патишта кон  населените места Добрашинци и Нова Маала, чија санација ќе започе деновиве.

1

2

3

4

6

9

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail